(ВИДЕО) Огненовска: Ги повикуваме сите млади да поднесат кандидатури за пратеници, ја отвораме СДСМ за квалитетни кадри

Од:

„Започнаа постапките за избор на кандидати за пратеници на СДСМ.

Покрај кандидирањето од страна на Општинските организации, Градската организација и Извршниот одбор, отворена е можноста за самокандидирање.

СДСМ како партија насочена кон младите, целосно ја почитува одредбата за 30 отсто застапеност на млади на пратеничките листи“, рече Блажена Огненовска од СДММ.

„Доколку ги делите социјалдемократските вредности, доколку имате визија и решенија за квалитетни младински политики, доколку сте препознаени како чесни и угледни личности ве повикувам да се вклучите во постапката на самокандидирање.

Покажавме дека постојано ја отвораме партијата за нови, млади и квалитетни кадри, идеи и проекти. Така е и сега и така и ќе продолжиме!

Ќе се спроведе транспарентна, инкулузивна и професионална постапка.

Потоа на Конгрес ќе дојдеме до имињата на најдобрите кандидати кои ќе се најдат на пратеничките листи.

СДСМ знае да го цени и почитува квалитетот и потенцијалот на млади луѓе, нивната енергија и визија. СДСМ отсекогаш работел заедно со младите и во нивен интерес.

Така ќе биде и во иднина и по победата на 12 април. Продолжуваме на прав пат заедно со младите“, изјави Блажена Огненовска од СДММ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“