Трипуновски: Додека домашниот тутун стои неоткупен, власта дозволи увоз на тутун

Од:

„Зоран Заев и Трајан Димковски ги лажат тутунарите. Додека домашниот тутун стои не откупен, власта дозволи увоз на тутун.

Ова се документите кои го докажуваат увозот на тутун, во ек на откупна сезона. Ова се фактури и барања за дозвола за увоз кои го демантираат Заев и Димковски. Тие вчера лажеа дека увоз на тутун нема.

Заев и Димковски ги гледаат во очи и ги лажат тутунарите, како и за се останато во државата.

Во период од 8 јануари до денес, Заев и Димковски дозволија увоз на околу 1 милион килограми тутун, во вкупна вредност од неколку милиони евра“, рече Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Да биде трагедијата поголема, тутунот кој е увезен во Македонија е платен од 1 до 2 евра повеќе од цената по која се откупува домашниот тутун.

Тутунот кој се увезува е од ист тип на тутун кој што се произведува во Македонија, а се плаќа поскапо од домашниот.

Македонските тутунари плачат за денар повеќе и реална процена на тутунот, а Заев и Димковски увезуваат тутун кој се плаќа поскапо.

Тутунарите се излажани и изманипулирани. Наместо да се откупи домашниот тутун, се увезува странскиот.

Додека тутунарите од прилепско молат за повисоки откупни цени, Заев, Димковски и Шапуриќ дозволија увоз на тутун од странство кој се плаќа и над 300 денари.

Ова е доказ дека Заев, Димковски и Шапуриќ ги лажат тутунарите. Увоз на тутун има, а домашниот не се откупува.

Повикувам власта да не си игра со тутунарите, да се запре увозот на тутун и да се откупи домашниот. Никој не смее да си поигрува со тутунарите.

Заев е причината за сета мака на тутунарите. Сите проблеми ќе завршат по 12 април, кога ќе следува одговорен пристап кон тутунарите и земјоделците во целост“, изјави Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ