И малите деца опседнати со изгледот

Од:

Децата уште на возраст од четири години почнуваат да внимаваат на својата исхрана, бидејќи се под притисок да имаат совршено тело, покажуваат резултатите од анкетата на училишниот персонал во Велика Британија.

Малите деца и учениците во основните училишта почнуваат да ги избегнуваат масните јадења, како што се сирењето и се подложуваат на строги режими на вежбање, имитирајќи ги познатите личности од медиумите. Голем број деца во развој се на работ на анорексија поради притисоците од врсниците.

Осумдесет отсто од наставниците забележале исклучително ниско ниво на самопочитување кај девојчињата. Дури половина од девојчињата во основните училишта држат некаква диета.

Околу 84 отсто од девојчињата признале дека се под притисок да задржат одредена телесна тежина, додека 42 отсто од нив изјавиле дека се под исклучително голем притисок.

Момчињата исто така покажале несигурност во однос на своето тело, а тоа го забележал половина од наставничкиот персонал. Момчињата исклучително сериозно прифаќаат каков било коментар на сметка на нивниот изглед, а многу од нив почнуваат прерано со исклучително тежок режим на вежбање.

Педесет и седум отсто од испитаниците изјавиле дека пример за совршено тело за повеќето девојчиња е пејачката Ријана. Пример за момчињата е Хери Стајлс. Други влијателни идоли се Шерил Кол и Џастин Бибер.

– Јас работам со деца на возраст меѓу четири и пет години и од нив безброј пати сум слушнал коментар од типот „не можам да јадам сирење, бидејќи е премасно“, изјави еден од наставниците, кои учествуваа во анеката.

– Младите луѓе се под голем притисок да имаат или да одржат често пати нереални слики за телото, какви што се прикажани во медиумите. Земајќи ги предвид останатите притисоци (училишните, општествените, семејните), на кои се изложени децата, би кажале дека имаат доволно проблеми и без овој дополнителен притисок. Тие се натпреваруваат во изгледот не само со своите врсници, туку и со „фотошопираните“ слики на славните личност, што во никој случај не води кон нешто добро, е заклучок од тимот, кој ја спроведе анкетата.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство