Како ученик, тој правел пози на мафијаш и им кажувал на неговите соученици „кога ќе пораснам, ќе бидам терорист“.
Сите мислеле дека тој се шегува и никој не помислил дека Судеш Аман (20) навистина тоа го мисли.
Во неделата тој беше застрелан и убиен од полицијата откако се закануваше со нож во својата рака.
Полицијата пронашла во неговиот нотес, дека неговата амбиција е да „умре како бранител на својата религија“.
Тој бил обседнат гејмер кој сакал да игра насилни видео игри како познатата видео игра „Call of Duty“.
Поранешните негови сооученици во Лондон го познаваат како „чудак“ кој бил опседнат со ножеви.
Според нив, тој константно конзумирал марихуана.
Неговата мајка смета дека Судеш станал религиозен фундаменталист за време на престојот во затвор.
„Тој постојано гледаше и слушаше работи кои влијаеле врз неговата психа“, додава мајката.
Неговите познаници велат дека момчето било повлечено, неговата облека била секогаш валкана и декатој често им се заканувал.
Таткото на Судеш бил невработен и тежок алкохоличар, нивната економска состојба била лоша.
Соседите за неговата фамилија кажале дека често знаеле да бидат гласни и да се слушне долга расправија помеѓу нив.
Во неделата, момчето беше застрелано од полицијата во Стретам откако на улица претеше кон минувачите со нож во својата рака.