Во дворот на виенскиот Центар на независната културна сцена поставен е најмалиот изложбен простор наречен Kunstzelle.
Kunstzelle е стара телефонска говорница, дел од многуте кои се појавија низ светските метрополи на почетокот на минатиот век, а во последната деценија на истиот за многу кратко време беа заменети со мобилните телефони и денес на нив гледаме како на реликти од едно минато време.
Проектот е покренат од страна на Кристин Бауман според која специфичниот облик, но и место на телефонската говорница во минатиот век, комуникацијата, релацијата помеѓу јавното и приватното… се само некои од темите кои се отвораат во овој процес на реконтекстуализација на говорниците.
Кунстхале е пример како со минимални средства може да се ревитализира еден напуштен простор и да стане едно од „уметничките ткива“ на градот.