Откако во еден лондонски ресторан за брза храна е откриено месо од непознато потекло, Британците се плашат дека во храната што јадат, може да има и месо од куче.
Во рамките на една документарна емисија на „Би би си“, примероци од кари и ќебапи купени во шест различни продавници во Лондон се пратени на лабораториска анализа.
Во говедско месо откриена е значајна количина на пилешки материјал, вклучувајќи и крв, а во еден хамбургер воопшто немало говедско месо, освен срце и крв.
Најшокантни се резултатите од јагнешкото кари. Во него има месо, но тоа не јагнешко, свинско, пилешко, говедско, коњско, козјо, соопшти претставник од „Би би си“.
Анализите не открија за какво месо станува збору, што остава простор за сомнеж.
Во Шпанија беше пронајдено месо од мртви кучиња, кое што се користело за производство на храна за домашни миленици.
Ова не е прв пат да се поставува прашање за потекло на месото кое што се користи за подготовка на брзата храна, која секојдневно ја конзумираат милиони Британци.
Елена Георгиевска