Шкријељ и Филипче: Решени 8.500 предмети за помош и нега од друго лице

Од:

Новите комисии за помош и нега од друго лице кои се формирани во рамки на јавните установи за здравствена заштита, функционираат непречено и досега се решени 8.500 предмети, информира владината прес-служба.

– Министерството за труд и социјална политика со новиот Закон за социјална заштита ја укина Комисијата која одлучуваше во прв степен за правото за помош и нега од друго лице. Таа беше нефункционална и времето на решавање на предметите беше 3 до 4 месеци. За да се скрати времето на решавање и да се подобри квалитетот и стручноста во решавањето на предметите, со новиот Закон за социјална заштита потребата за помош и нега од друго лице ја утврдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи, се вели во заедничното соопштение од министерот за здравство Венко Филипче и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Формирани се 15 комисии, од кои пет во Скопје, во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти од следниве области: интерна медицина, неврологија, психијатрија, физикална медицина и рехабилитација, ортопедија или офталмологија, како и дека комисиите ги решија предметите во рокот што им беше даден за постапување 1 февруари.

Приоритет на Владата, се вели во соопштението, е интересот на граѓаните и во иднина ќе овозможиме непречено остварување на правата од социјална заштита и обезбедување квалитетни социјални услуги.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска