Состојки за вкусни и здрави салати

Од:

Неколку состојки со кои ќе ги зачините и збогатите здравите салати и ќе си подготвите неодолив оброк.


Топли состојки

Наместо свежо исецканиот кромид додадете пропржени прстени од кромид, свежите печурки зачинете ги и пропржете ги во масло или пак вареното месо овој пат испечете го.

Јаткасти плодови

Бадемите и оревите се совршен начин за да ја освежите салатата, но не плашете се да експериментирате и со индиските ореви, кикирики или било кој сличен производ.

Авокадо

Егзотичен плод кој понекогаш и е неопходен на вашата салата за да ја направи повкусна и побогата со витамини.

Чаден лосос

За оние со малку подлабок џеб кои сакаат да се почестат, некогаш е одлично во зелената салата да додадат неколку парчиња чаден лосос. Вкусот е многу подруг.

Месо во салатата

Не е лошо ако се почестите и со потпечено месо на скара. Еднаш во неделата дозволено ви е да измешате малку мрсно печено пилешко месо со здравите салати, ситно исечкано на мали коцкички.


Риба од конзерва

Сардината или туната од конзерва се одличен избор за да додадете омега-3 масни киселини во вашиот оброк, неопходни за здравјето на вашиот кардиоваскуларен систем.


Јајца

Варените јајца се одличен начин да се заситите на подолго време и истовремено да го наполните телото со малку повеќе протеини.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава