А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинителството бара притвор за тројцата напаѓачи на полицаецот во Велес

by А1он03/02/2020 - 16:1304/02/2020 - 09:30527
Share0

Основното јавно обвинителство во Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело убиство во обид, како и против две лица за помагање при извршување на кривичното дело убиство во обид и за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Следете a1on на Instagram Instagram

Станува збор за вчерашниот напад врз полициски службеник пред црквата „Св.Спас“ во Велес, кога едно лице му го одзело службениот пиштол на полицаецот и врз него испукал неколку куршуми во стомакот и во коленото.

СВР Велес поднесе кривична пријава против тројца браќа, на возраст од 43 години, 29 години и 22 години за овој настан и за сите бара определување мерка притвор.

„Оштетениот полициски службеник во СВР Велес заедно со негова колешка во цивилна облека вршеле работни задачи кои се однесуваат на спречување и откривање на сторители на кривични дела тешка кражба поради зачестената појава на насилно одземање на предмети, чанти и паричници од лица ги посетуваат гробиштата на своите блиски. На критичниот ден оштетените биле забележани од тројцата пријавени со кои било и едно дете. Тројцата пријавени се доближиле до оштетените, а едниот од нив физички го нападнал оштетениот полициски службеник.  Потоа му се придружиле и неговите двајца браќа. Во еден момент тие го турнале оштетениот на земја, па еден од нив се борел со оштетениот, додека другите двајца и задале неколку удари на оштетената. Детето ја задржувало оштетената да остане настрана и ја оневозможило да му помогне на колегата, стои во соопштението“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Следете a1on на Youtube YouTube

Оттаму наведуваат дека еден од осомничените му го одзел на оштетениот службениот пиштол и додека оштетениот бил паднат на грб од пиштолот испукал три куршуми кон него, нанесувајќи му прострелни рани во пределот на стомакот и ногата. При испукувањето од пиштолот настанал застој, па оштетениот искористил момент да стане и да се оддалечи од местото на настанот.

„Осомничениот со пиштолот започнал да го брка и да трча по него, успеал повторно да го оспособи и репетира пиштолот и повторно испукал еден куршум во правец кон оштетениот“, се посочува во соопштението.

hronikamvr

Би можело да ве интересира

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски29/07/2026 - 13:35

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он28/07/2026 - 17:03

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он28/07/2026 - 15:55

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски23/07/2026 - 12:4423/07/2026 - 12:48

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Катерина Ѓуровски22/07/2026 - 14:19

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски20/07/2026 - 08:0420/07/2026 - 09:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео