Административни подготовки за пристапувањето на Хрватска ќе бидат готови на време

Од:

Административните подготовки за пристапување на Хрватска во ЕУ течат добро и ќе бидат готови на време, односно пред стапувањето во членство на 1 јули, објави денеска во Брисел Европската комисија.

– Малку луѓе знаат колку работа се врши зад кулисите кога некоја земја влегува во Унијата. Но, стекнавме многу искуство во изминатите 20 години и добро е да се види што подготовките за Хрватска течат добро, изјави потпретседателот на ЕК Марош Штефчович.

Европскиот претставник, по повод извештаите кои Комисијата објави за состојбата на административната подготвеност за пристапување на Хрватска, додаде дека „едвај чека“ да посака добредојде на Хрватска во европското семејство.

Во извештајот на ЕК е заклучено дека сите подготовки ќе бидат довршени пред влезот на Хрватска во Унијата.

ЕК во следните пет години ќе вработи 249 хрватски државјани, од кои стотина помошници администратори – редактори и лектори, компјутерски експерти, проект-менаџери и луѓе кои помагаат во канцелариската работа.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка