(ВИДЕО) Петров: Договорот од Преспа ги отвора вратите за младите луѓе, не смееме да се враќаме чекор назад

Од:

„На младите во нашата земја им е здосадено од неизвесност и политичари без јасна визија. Дозволете да им се обратам во моментов.

Вие младите сте најголемите поддржувачи на нашата европската интеграција. Вие многу добро знаете во кој правец треба да се движи нашата земја.

Вие сакате европска иднина, дома. Вие сакате и заслужувате стабилност.

Вие нема да дозволите враќање во минатото. Политичарите мора да го слушнат вашиот глас и сите заедно да работиме на подобра сегашност, но и посветла иднина“, рече Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Разочарувачки е ставот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ околу Договорот од Преспа и враќање на нашата земја во време во кое беше неизвесно каде нашата држава, а со тоа и иднината и просперитетот на младите се движат.

Тие продолжуваат да ги игнорираат пораките на сите наши стратешки партнери дека Договорот од Преспа го откочи патот за Северна Македонија да стане НАТО-сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ. Тие го игнорираат и фактот дека токму Договорот од Преспа нѐ придвижи напред од позицијата на 11 годишната стагнација и неизвесност во која западнавме кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Да се разбереме, договорот од Преспа не е само решение на децениски проблем туку е и наше членство во НАТО – а тоа значи:

• повисок економски раст,

• повеќе инвестиции,

• подобро платени работни места,

• нови можности и перспективи за младите, и најважно

• заштитен македонски идентитет.

Укинувањето на Договорот од Преспа што го заговара ВМРО-ДПМНЕ, значи укинување на нашите ЕУ перспективи, значи губење на надежта кај многу млади, значи уште поголемо иселување и разделени семејства, но и загрозување на иднината на новите генерации. Ова никако не смееме да го дозволиме, вие и ние заедно.

Почитувани млади, она што го заговара ВМРО-ДПМНЕ значи враќање неколку чекори назад.

Враќање назад во време на неизвесност и изолација.

Време во кое младите престанаа да ја гледаат својата иднина тука.

Младите не се вртат назад, тие чекорат напред и затоа на 12 април ќе изберат да ги казнат политичарите кои заговараат укинување и блокирање на европските перспективи, односно младите ќе изберат иднина, ќе изберат прав пат“, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?