„Движењето пет ѕвезди“ одби да ја поддржи владата на левоцентристите во Италија

Од:

„Движењето пет ѕвезди“ на поранешниот комичар Бепе Грило го отфрли предлогот на лидерот на италијанските левоцентристи Пиер Луиџи Берсани да ги поддржи неговите обиди за составување на нова влада во земјата, пренесоа британските медиуми.

Одбивањето беше очекувано бидејќи движењето многупати кажуваше дека нема да поддржи која и да е од големите партии, кои ги смета за виновници за социјалната и економската криза во Италија.

-Нема услови кои би ни дозволиле да дадеме глас за доверба на влада, составена од овие партии, затоа што тие се дискредитирани, изјави лидерот на групата на „Движењето пет ѕвезди“ во Сенатот, Вито Крими, по средбата со Берсани.

Одбивањето значи дека Италија останува во политичка безизлезност по изборите, во кои коалицијата на Берсани освои мнозинство во Долниот дом на парламентот, но не и во Сенатот, што ја оневозможи сама да управува со земјата.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски