ВИДЕО: Ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија се загинатите во сообраќајната несреќа

Од:

Ќерката и внукот од брат на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов, се двајцата загинати во стравотната сообраќајна несреќа што утринава се случи во Пјаченца, Италија.

Станува збор за двајцата братучеди, Марија (25) и Методи Витанов (26) кои утринава со автомобил марка „Клио“ удриле во дрво. Автомобилот веднаш се запалил, двајцата братучеди останале заглавени во возилото, а залудни биле и напорите на противпожарните екипи и на полицијата да ги спасат.

Младата девојка, како што пренесуваат италијанските медиуми, била во посета на Италија во посета на роднини. Таа вечерта била излезена со својот братучед, кога се случила несреќата.

„Противпожарните екипи го изгаснале пожарот за две минути, но двајцата млади веќе биле починати“, сведочат очевидци за италијанските медиуми.

Полицијата, од околните камери допрво ќе ги утврдува причините за несреќата.

Информацијата дека станува збор за ќерката на Витанов и за неговиот внук од брат за „А1он“ ја потврдија блиски до семејството.

Витанов беше назначен за генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на нашата земја во Италија во јуни минатата година. Тој и неговото семејство се со потекло од Струмица.

Би можело да ве интересира

Со ножеви и ножици ја заклал мајка си – Обвинителството објави детали за хоророт во Богданци

Катерина Ѓуровски

Двајца браќа од тетовско дале 15.000 евра на лажен посредник за странска пензија

Силуван малолетник, 13-годишно девојче злоставувано од таткото – грозоморни случаи во Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Лажен лекар измамил дедо од Виница за 430 илјади денари

Катерина Ѓуровски