Стотици Либанци и Палестинци протестираа денеска во близина на американската амбасада во Либан поради планот на Белата куќа за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.
Учесниците на протестот извикуваа „Смрт за Америка! Ние ќе умреме, а Палестина ќе преживее“.
Демонстрантите, носејќи палестински знамиња, се собраа на патот кој води кон зградата на американската амбасада во Бејрут, а било зајакнато и присуството на либанската војска и полиција.
Тие ја отстраниле бодликавата жица и се приближиле до железната ограда, поставена од припадниците на безбедносните сили. Полицијата употреби солзавец за да ги растера некои од демонстрантите.
Во Либан живеат десетици илјади палестински бегалци и нивните семејства. Во 12 бегалски кампови досега се одржани протести откако американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот го објави планот за Блискиот Исток.