Двајца братучеди од Македонија загинаа во сообраќајна несреќа во Италија

Од:

Двајца братучеди, македонски државјани, Марија (25) и Методи Витанов (26) утринава загинале во сообраќајна несреќа во Италија, откако со автомобил марка „Клио“ удриле во дрво. Автомобилот веднаш се запалил и двајцата братучеди не можеле да излезат, а залудни биле и напорите на противпожарните екипи и на полицијата да ги спасат.

Младата девојка, како што пренесуваат италијанските медиуми, била во посета на Италија во посета на роднини. Таа вечерта била излезена со својот братучед, кога се случила несреќата.

„Противпожарните екипи го изгаснале пожарот за две минути, но двајцата млади веќе биле починати“, сведочат очевидци за италијанските медиуми.

Полицијата, од околните камери допрво ќе ги утврдува причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Од денеска, забрана за бурка и никаб сите италијански училишта

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он