Димовски: На Велес му треба градоначалник како Чадиев

Од:

Во Велес победи ВМРО-ДПМНЕ. Победија делата. Извесно е дека новото советничко мнозинство е во редовите на оваа партија. Листата за советници и за кандидатот за градоначалник Чадиев добија масовна поддршка од граѓаните, рече денеска на прес-конференција Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија, додаде Димовски, изразува голема разочараност од ниското ниво на политичка кампања со кое настапи СДСМ на локалните избори. Како ќе наближува времето до вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ очекува инцидентите и тензиите во СДСМ да се зголемуваат.

– Се соочивме со политички противник полн со навреди и омаловажувања, со изрази на манипулации и лаги, без дела. Очигледна е нервозата во редовите на СДСМ предизвикана од победата на ВМРО-ДПМНЕ на советничката листа и од тоа дека се свесни за фактот дека во вториот круг ќе ги загубат изборите за градоначалник. Тоа ги иритира, ги прави нервозни. Во ситуација на безидејност почнаа да навредуваат, да омаловажуваат и да манипулират. Почнале и физички да се пресметуваат меѓу себе, истакна Димовски.

Според него, на Велес му треба градоначалник како Чадиев, кој ќе ја има поддршката од Советот, од граѓаните, од пратениците и Владата.

– На Велес не му треба Коцевски, зашто тој нема ниту мнозинство во Советот, нема тим. Додека беше градоначалник не се занимаваше со суштински потреби на градот, индустриски зони, легализација, вода, здравствен систем, туку со десетина префарбани фасади, две фонтатни и еден ликовен салон, рече Димовски.

Вчерашната прес-конференција на Аце Коцевски, оцени, беше уште еден паничен и нервозен обид за барање оправдување од слабите резултати и од поразот кој го очекува.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226