ДИК ќе одлучува по 428 приговори за првиот изборен круг

Од:

Вкупно 428 приговори на изборниот процес пристигнале до Државната изборна комисија од страна на политичките партии во законски предвидениот рок од 48 часа по затворањето на гласачките места.

Најголем дел од приговорите односно 373, по кои на денешната седница ќе одлучува ДИК, има поднесено СДСМ и тоа над 70 во Охрид, над 60 во Радовиш, околу 40 приговори во Ресен, 80-ина во Аеродром…

Демократската обнова на Македонија поднела 38 приговори, Демократската партија на Албанците три, НДП еден, Обединети демократски сили на Ромите четири, Демократската партија на Турците четири и ВМРО-ДПМНЕ пет од кои три во Струмица и два приговора во Кичево за две избирачки места.

Државната изборна комисија согласно законските одредби треба во рок од 48 часа да донесе одлуки по поднесените приговори. По завршувањето на овој рок политичките партии ќе имаат повторно 48 часа да поднесат тужби до Управниот суд чии одлуки се последни и конечни и по кои ќе се знае дали и каде ќе има прогласување.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ