Деновиве меѓу охриѓани се спроведува телефонска анкета преку која се испитува пулсот на граѓаните за престојните локални избори.
Анкетата ја спроведува Институт за политички истражувања од Скопје, а на граѓаните им се поставуваат неколку прашања. Од нив се бара да дадат свое мислење за неколку имиња кои во јавноста се вртат како кандидати за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Најголем дел од имињата во анкетата беа од ВМРО-ДПМНЕ, само двајца од СДСМ. Претседателот на охридските вмро-вци Атанаско Михаилов., пратеникот Харалампие Шокароски, доктор Никола Бакрачески, екс пратеникот Цветко Грозданов, претседателот на Управниот одбор на Охридско лето, Зоран Велјановски Летра и советникот Дејан Пановски.
Од СДСМ актуелниот градоначалник Александар Петревски и претседателот на ОК во Охрид, Науме Јовановски. Меѓу прашањата кој анкетарот ги поставуваше во случајот Институтот за политички истражувања, како што се претставуви, преовладуваа оние поврзани со довербата на охриѓани кон СДСМ.
Сметате ли дека СДСМ треба да ја задржи локалната власт во Охрид? Дали сметате дека СДСМ би ја добил довербата и на следните локални избори? За која советничка група би гласале, онаа на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ? Кои треба да бидат приоритетите на идниот градоначалник на Охрид? Генерално во која насока се движи Македонија, во позитивна или во негативна?
Имаше и уште неколку други прашања. Во секој случај битката за Охрид ќе биде долга и неизвесна со оглед на тоа дека и на двете партии приоритет ќе им биде да ја добијат власта во Охрид која веќе одамна е започната со меѓусебни обвинувања и медиумски препукувања.