Со бесплатна изведба на претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир во режија на Ива Милошевиќ, Прилепскиот театар вечер ќе го одбележи Светскиот ден на татарот, 27-ми март.
Непосредно пред претставата ќе биде прочитана македонската порака за денот на театарот од актерот, режисер и професор Мими Таневска која меѓу другото посочува дека театарот треба да биде отворена врата за сите храбри, авангардни и креативни идеи.
Годинава светската порака ја испрати Дарио Фо, италијански драмски писател, режисер и актер, добитник на Нобеловата награда за книжевност.