Во Брно изградена највисоката зграда во Чешка

Од:

Највисоката зграда во Чешка не се наoѓа во главниот град Прага, туку во Брно, вториот по големина чешки град, кој се наоѓа на југоисток во земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, зградата, која е висока 111 метри и има 28 спрата, ќе биде пуштена во употреба за неколку недели.

Бело-портокаловата градба делува елегантно и според замислата на нејзините автори, архитектите Густав Кривинка и Алеш Буриан целта е да се дизајнира „незаборавна зграда чија силуета ќе влезе во дијалог со душата на градот“.

Уникатно и во исто време посебно е, двојното прекршување на едниот од двата станбени блока на објектот кое имагинарно ја создава буквата „З“ која е дел од името на облакодерот наречен „АЗ Тауер“.

Зградата е опремена со вентилација која се контролира според страните на светот, исто како и при обичното отворање на прозорец.

Уникатен е и начинот на затоплување и климатизација со помош на пумпи поставени под зградата, како и начинот за намалување на потрошувачката на енергија во заедничките простории што се обезбедува со фотонапонски панели поставени на јужната фасада на кулата.

На влезот има ресторан, продавници, фитнес центар и канцеларии на фирми.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица