НБ: И понатаму се намалува просечната каматна стапка на кредитите

Од:

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во декември, и натаму се намалува сведувајќи се на нивото од 4,94 отсто, што преставува месечен и годишен пад од 0,06 процентни поени (п.п.) и 0,39 п.п., соодветно.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,26 отсто и е намалена за 0,02 п.п. во однос на претходниот месец, додека на годишно ниво е пониска за 0,15 п.п, информира Народната банка (НБ).

Во декември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити забележа месечен пад од 0,13 п.п. и изнесува 4,15 отсто, додека на годишно ниво се намали за 0,34 п.п.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,14 отсто, по падот од 0,12 п.п. и 0,26 п.п., соодветно на месечна и годишна основа, соопшти НБ.

Просечната каматна стапка, пак, на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е намалена за 0,05 п.п. овој месец и изнесува 4,17 отсто.

Притоа, влат од НБ, надолната промена се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.).

Оваа каматна стапка е пониска за 0,46 п.п., во споредба со истиот период претходната година.

Би можело да ве интересира

Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

Каматните стапки остануваат исти, соопшти НБРМ

Катерина Ѓуровски

Девизните резерви на крајот на август 4,75 милијарди евра

Славески уверува дека се преземаат мерки за намалување на инфлацијата на ниво под три проценти

Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати

Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите