Што ќе се промени помеѓу Велика Британија и ЕУ по Брегзит?

Од:

По години поминати во дискусии, избори, дебати и анализи, Британија конечно ќе ја примени одлуката која беше донесена на референдумот во 2016 година и на тој начин ќе ја напушти Европската Унија во 11 часот денеска.

Повеќето ќе ја прослават „новата независност“ на Британија вечерва, а државата ќе влезе во период на транзиција до 31 декември, оваа година, а до тогаш сите европски правила ќе важат во кралството.

За време на таквиот период, двете страни ќе ги скицираат и проектираат билатералните врски помеѓу Лондон и Брисел.

Но едно е сигурно, слободниот или бесплатниот мобилен роаминг како и слободното патување ќе бидат ревидирани, а сигурни некои претходни придобивки ќе бидат укинати до другата година.

Како и да е, многу од работите не се прецизно дефинирани околу регулациите помеѓу двете страни.

Околу 1,3 милиони британци кои живеат во ЕУ ќе можат да останат во унијата до крајот на транзициониот период.

Доколку сакаат и понатаму да останат во некоја од ЕУ членките, тие ќе мораат да поднесат барање за перманентен престој до јуни 2021 година и да докажат дека тие живееле таму најмалку пет години.

Британците кои возат автомобили или други возила ќе мораат исто така, да ги променат регистарските таблички.

Оние кој ќе патуваат за ЕУ ќе мораат да ја пополнат Европскиот патнички формулар и други попатни апликации, но нема да имаат потреба да аплицираат за виза.

Процедурата ќе биде слична како да патуваат за САД.

За транспорт на домашните миленичиња, сопствениците ќе треба да почекаат најмногу четири месеци за дозвола за патување.

По истек на транзициониот период, државјаните ќе мораат да го променат и патната исправа.

Три милиони државјани на Европската Унија кои живеат во Велика Британија, но тие ќе мораат да аплицираат за дозвола за престој, а државата според одреден критериум (степен на образование и познавање на англискиот јазик) ќе дава дозволи.

Бесплатниот роаминг повеќе нема да биде во важност од 1 јануари 2021 година.

Како периодот на транзиција ќе поминува, така јавноста ќе биде запознаена со сите важни работи околу регулациите помеѓу Велика Британија и ЕУ.

 

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска