СДСМ: Започнавме транспарентна и професионална постапка за избор на најодговорните кандидати за пратеници

Од:

„СДСМ започна постапки за избор на најодговорните кандидати за пратеници во историјата на независноста, пратеници кои се согласни дека државата им припаѓа на сите подеднакво и дека е наша заедничка одговорност, пратеници кои се различни по сите основи, мажи и жени, 50-50.

Процесот на избор за кандидати за пратеници, утврден на 14-тата седница на Централниот одбор на СДСМ ќе биде транспарентен, инклузивен и професионален со цел да се одберат одговорни, чесни професионални личности, кои уживаат углед и доверба во професиите и во местата на живеење.

СДСМ ги избира најодговорните кандидати за пратеници од независноста до сега, со што преземаме обврска да продолжиме да градиме независен парламент и со тоа, способна држава“, велат од СДСМ.

„СДСМ покажа дека презема храбри и одлучни чекори кога е во прашање демократијата, слободата и враќањето на државата во рацете на граѓаните.

Создадовме концепт отворена влада, овозможивме амбиент за слободни медиуми, создадовме концепт за едно општество. Создадовме услови за независен парламент.

Не беше лесно Собранието да се трансформира од место кајшто во 2017 крваво се кршеа пратенички глави, до место во кое се носат закони од интерес на граѓаните, место кајшто се гарантира членството на Северна Македонија во НАТО, место кое е Дом на демократијата, дом на граѓаните.

Имаме должност на Собранието на Северна Македонија да му обезбедиме народни претставници за кои партијата е само механизам како подобро да ги претставуваат граѓаните и како подобро да им служат на граѓаните.

Со понудата со која ќе излеземе пред граѓаните, остваруваме уште една сигурна победа.

Тоа ќе биде голема победа на нашите политики, победа на СДСМ и коалицијата, победа на граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“