Од нарколепсија страдаат и млади

Од:

Шведскиот Завод за медицибски препарати во една студија тврди дека постои зголемен ризик од појава на нарколепсија меѓу деца и млади по вакцинирањето против свински грип со вакцината „Пандемрикс“.

Студијата, која е една од најголемите направени во Европа, покажува и зголемен ризик меѓу младите лица, додека ризикот да се биде погоден од нарколепсија се намалува со зголемувањето на возраста.

Нарколепсијата е хронично нарушување на нервниот систем која се карактеризира со исклучителна поспаност, често неконтролирано заспивање, а во тешки случаи и халуцинации или катаплексија, физички колапс.

Најголем ризик бил присутен меѓу децата и младите, каде што бил констатиран трипати поголем ризик, во споредба со врсниците кои не ја примиле вакцината.

Иако нешто помал, ризикот е јасно присутен и меѓу лицата на возраст од 21 до 30 години.

– Тоа што можевме да констатираме е дека во периодот на изготвувањето на студијата имавме 126 случаи на вакцинирани лица кои добиле нарколепсија. Меѓу невакцинираните се регистрирани 20 случаи, вели Ингмар Персон, раководител на студијата, кој ги пресентираше резултатите на денешната прес-конференција во Стокхолм.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска