Сепак втор круг ќе одлучува за Центар

Од:

По драматичното пребројување на гласовите, по шетањето на кутиите од 6 избирачки места, во Центар, градоначалникот ќе го решава второто истрчување на терен на Андреј Жерновски и Владимир Тодоровиќ.

Според официјалните резултати, кандидатот на опозициската коалиција Андреј Жерновски освои 14,079 гласа, односно 49, 18% од вкупниот број на гласови, додека пак кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ освои 12, 606 гласа, односно 44,04 отсто.

„Мнозинство граѓани се изјаснија дека јас сум новиот градоначалник. Но, и покрај тоа власта сака да ги фалсификува изборите. Втор круг не смее да има, а ако нe однесат во втор круг, тоа ќе биде лошо за власта – ќе победиме уште поубедливо“, предупреди Жерновски.

Kако доказ за манипулација тој посочи дека кутиите од шест избирачки места каде што гласале околу 5.000 граѓани веќе трет ден патуваат „од Центар до Центар“.

За Тодоровиќ ова било лага.

„Фактот што Андреј Жерновски се одлучи да лаже за работи што се лесно проверливи и достапни говори за неговиот страв дека ќе ги изгуби изборите. Тој покажа ниско ниво на политичка култура, очигледно обидувајќи се да ја заобиколи волјата на граѓаните на Центар. Тоа значи дека Жерновски се плаши од соочување со народот во втор круг“, одговори Тодоровиќ.

Поради големиот број неважечки гласачки ливчиња, досега несфатливо за центар, и необработените гласови од три избирачки места долго по затворањето на гласачките места, Центар остана последната општина со непредвидлив исход, и покрај предноста на Жерновски.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ