Српска листа нема да го попречува формирањето на косовската влада

Од:

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), по вечерашната средба со лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) и мандатар за премиер, Албин Курти, порача дека нема да го попречува формирањето на новата влада на Косово, но одби да шпекулира околу тоа дали ќе биде дел од коалицијата предводена од ВВ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лидерот на СЛ Горан Ракиќ, по средбата со Курти одржана во Собранието на Косово, изјави за медиумите дека е невозможно да се формира влада без СЛ, како партија која освои апсолутна победа во местата со мнозинско српско население во Косово.

Српска листа нема да го попречи формирањето на идната влада. Факт е и, би рекол, јасно им е на сите, и на меѓународната заедница и на претставниците на Приштина, дека без СЛ како фактор е невозможно да се формира владата, изјави Ракиќ.

Членот на раководството на СЛ Далибор Јевтиќ изјави дека доколку кабинетот на Курти има повеќе од 12 министри, колку што тој првично најавуваше дека ќе има, тогаш 13-то министерство треба да припадне на парламентарната партија на косовските Срби.

Тоа што го појаснивме на средбата е дека доколку владата има повеќе од 12 министерства, според Уставот, во тој случај 13-то министерство треба да им припадне на малцинствата.

Српската листа ќе има 11 пратеници, што значи мнозинство од 20 (малцински пратеници) и јасно е дека со самото тоа СЛ ќе има и второ министерство, изјави Јевтиќ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина