МНР со извинување до претставниците на НВО од Република Кореа

Од:

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Зоран Попов денеска ги прими и упати извинување до претставниците на невладина организација од Република Кореа кои беа изложени на вербален акт на нетрпеливост и ксенофобија во центарот на Скопје.

Остро го осудуваме овој изолиран чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, што се коси со темелните вредности на македонското општество и очекуваме надлежните органи да го откријат и соодветно санкционираат сторителот, соопшти МНР.

Воедно, се посочува дека борбата против говорот на омраза, расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата и други видови нетолеранција треба да биде една од најважните вредности на нашето општество, особено имајќи ја предвид неговата мултикултурална димензија.

Таа борба треба да биде императив на сите институции, но и на граѓаните на нашата земја, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он