ВИДЕО: Диета од шест оброка, колагенско кафе и десерт

Од:

Лорен Симпсон, познат модел и фитнес-тренер од Сиднеј, Австралија, препорачува режим на исхрана кој се состои од шест оброка, колагенско кафе и десерт, секој ден.

– Не ги бројам калориите, но сè уште внимавам што јадам. Сè ова, мојот просечен дневен внос е околу 1.800 – 1.900 калории, вели Лорен.

Таа денот го почнува во 6:30 часот со колагенско кафе и преглед на тоа што има ново на Инстаграм. Појадокот ѝ се состои од, на пр., омлет или засладен кремаст протеински овес. Наредниот час – час и пол, додека да стигне до својата вежбалница, следува нешто од мешано овошје, пред да почне со вежбите…

По вежбите следи ручекот, кој обично содржи просечна порција ориз со туна и пилешко, бескофеинско кафе и јаболко.

Кога има напорна недела, тие денови практикува и оброк околу 16:00 часот, што се содржи од, на пр., житарици, туна и цвекло. Потоа, додека ги извршува своите обврски пред компјутер до неа секогаш има грицки.

Навечер може да си дозволи со нејзиното момче Марк да одат в ресторан, каде што нарачува нешто не посложено од пилешко-зеленчукова салата. Битно е да има многу зеленчук. Потоа, задолжително следи десертот – засладен мал леден јогурт.

На овој начин, Лорен смета дека вносот на калории е еднаков на тоа колку трошиме, секако – ако водиме доволно активен и динамичен живот. Важно е да нема вишок калории.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Црното кафе може да помогне при слабеење

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска