Русија убедена во напредокот на решавањето на сириското прашање

Од:

Русија верува дека „постојат многу добри изгледи” за напредок во решавањето на сириското прашање на состанокот во Женева, изјави во петокот доцна навечер шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, по средбата со американската колешка Хилари Клинтон.

„Можам со полна доверба да кажам дека имаме многу добри можности во Женева да пронајдеме заеднички именител и да направиме чекор напред”, изјави министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров на прес конференцијата во Санк Петербург по разгворите со американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Лавров додаде дека почувствувал „развој во ставовите на Хиалри Клинтон. Рече, исто така, дека треба да се изнајдат области коишто би биле „базирани на фактите дека сириската страна треба да биде поттикната на национален дијалог, но дека одлуките за иднината на земјата и распределбата на фунцкиите и одговорнсотите мора да ги донесат самите Сиријци”.

„Слушнав еден многу искусен дипломат, искусен политичар, која рече дека го разбира нашиот став. Ние одговоривме соодветно. Се согласивме да побараме такви точки, коишто вистински би нѐ доближиле врз основа на јасното разбирање дека сириската страна треба да биде стимулирана на внатрешниот национален дијалог. Но, за постигнување конкретни договори за тоа каква ќе биде сириската држава, может да решат само самите Сиријци”, рече Лавров, кого го цитираше РИА Новости.

Според него, оваа теза, исто така, е содржана во изјавата на претседателите на Русија и на САД, објавена по нивната неодамнешна средба на самитот на групата Г-20 во мексиканското летувалиште Лос Кабос.

Планот за политичка транзиција во Сирија којшто го предложи специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига, Кофи Анан, а за кој ќе се разговара во сабота во Женева, предвидува воспоставување преодна влада на националното единство. Документот што го предложи Анан прецизира дека преодната влада може да вклучи членови на актуелната влада којашто претседателот Башар ал-Асад ја именуаше претходно седмицава и претставници на опозицијата, но од која би биле исклучени оние чијашто присутност би можела „да му наштети на кредибилитеот на транзицијата и да ги доведе во опасност стабилности и помирувањето”.

Западни дипломатски кругови сметаат дека оваа клаузула може да имплицира дека се бара заминување од власта на претседателот Асад, за што се залагаат западните земји предводени од САД и некои арапски земји. Меѓутоа Русија којашто е долгогодишен сириски сојузник, не сака решение коешто ќе биде наметнато однадвор.

Пртходно во петокот руското министерство за надворешни работи издаде писмена изјава во којашто го изрази жалењето што на средбата во Женева не се повикани да учествуваат Саудиска Арабија, Иран, Јордан и Либан. На кризниот министерски состанок во врска со ситуацијата во Сирија, покрај петте велесили, САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција, како попстојани членки на Советот за безбедност на ОН, ќе учествуваат Турција, Кувајт, Катар, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун и првиот човек на Арапската линија, Набил Елараби, коишто досега го поддржуваа западниот предлог за политичка транзиција на Сирија условена со заминување на претседателот Башар ал-Асад.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка