Шпанија се заканува со бојкот на самитот на ЕУ со Западен Балкан поради учеството на Приштина, пренесува Радио Слободна Европа повикувајќи се на сигурни извори од Мадрид, Загреб и Брисел.
Како што се наведува, шпанските претставници го предупредиле домаќинот, дека нема да учествуваат на самитот кој ќе се оддржи во мај доколку Косово има рамноправен статус со останатите земји од Западен Балкан.
Во пишаниот одговор од шпанскиот претставник во ЕУ се наведува дека се уште е рано за потврдување на учеството на премиерот поради тоа што Шпанија се уште не добила покана од хрватското претставништво.
На прашањето од Радио Слободна Европа за можните проблеми во организацијата на самиот самит поврзани со учеството на Приштина, претседателот на хрватското собрание, Гордан Јандрковиќ одговорил дека нема да биде лесно да се израмнат интересите на сите земји членки на ЕУ.