Тројца од 206 евакуирани јапонски државјани од Вухан се заразени со коронавирус

Од:

Тројца од 206 јапонски патници кои вчера беа евакуирани од Вухан заразени се со коронавирус, што се појави во овој кинески град во декември, соопшти утрово јапонскиот министер за здравство Катсунобу Като. Досега има 11 јапонски државјани заразени со новиот вирус.

Кај еден од тројцата државјани позитивни на вирусот се развиле симптоми на болеста.

Сите заразени се згрижени во болница во Токио, опремена за вакви случаи.

Денеска, уште 210 јапонски државјани се евакуирани од Кина со авион. Тие исто така ќе бидат тестирани за вирусот.

Речиси 6.000 луѓе се заразени со оовој вид на коронавирус во Кина, каде починаа 132 пациенти, според најновиот официјален биланс.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови