Од осми февруари Вашингтон ќе ја прошири листата на царини врз челикот и алуминиумот за да вклучи деривати како шајки, метални кабли, шноли и слично, јавува Агенција Европа.
Белата Куќа оценува дека увозот на овие деривати значително се зголемил откако се воведени првите рестрикции врз челикот и алуминиумот во 2018-та. Според Вашингтон, дериватите им овозможуваат на производителите да ги заобиколат царините.
Во јуни 2018, САД ги зголеми царините врз челикот за 25 отсто и врз алуминиумот за 10 отсто.
Според анализите на Белата Куќа сѐ уште не се постигнати целите на овие рестриктивни мерки, односно не е доволно зголемена употребата на капацитетите на домашните производители на челик и алуминиум. Целта е оваа употреба да достигне 80 отсто.
Поради ова Вашингтон од осми февруари ќе ги зголеми царините врз дериватите од челик за 25 отсто, а врз дериватите од алуминиум за 10 отсто.