Триесет и двегодишна французинка е осомничена дека ги убила своите две деца, откако телата на бебињата се пронајдени во ладилник, во нејзината куќа, во источна Франција.
Мајката е во притвор од вчера, откако нејзиниот партнер повикал полиција, бидејќи пронашол едно од телата на бебињата, пренесува „Франс прес“.
Во оваа состојба многу е тешко да се утврди колку години имаат, дали се новороденчиња или пак веќе биле мртви – изјави обвинителот кој што ја води истрагата, Денис Мондон.
Елена Георгиевска