(ВИДЕО) Диневски: Овие локални избори не беа ниту фер, ниту демократски, ниту чесни

Од:

Би сакал да Ви се заблагодарам за Вашата огромна поддршка која ни ја дадовте на овие локални избори. И покрај нашата скромна изборна кампања, граѓаните на општина Битола недвосмислено ја поддржаа нашата програма, нашите проекти и нашата визија за Битола. На изборниот ден, над 22 илјади граѓани и покрај сите закани и притисоци, гордо и достоинствено и кажаа Не на оваа власт, рече Менде Диневски.

Овие локални избори не беа ниту фер, рече, ниту демократски, ниту чесни. На овие избори беше фалсификувана слободната волја на битолчани.

Имаше сериозни нарушувања на изборен молк, поткупување и потплатување, затекнати лица со избирачки ливчиња надвор од избирачкото место – популарно наречен бугарски воз, беа затекнати фантомски гласачи, голем дел од нашите традиционални гласачи не се најдоја на избирачкиот список и не го искористија своето право на глас. Врз наши членови и активисти беа вршени притисоци и закани, дури и наш кандидат за советник беше повикан во МВР.

Ние ќе ги преземеме сите законски мерки за расчистување на бројните злоупотреби на изборниот процес, а во наредните неколку дена ќе промовираме и Бела книга во која ќе бидат нотирани сите малверзации со кои беше украдена победата од битолчани во првиот изборен круг.

До официјалниот извештај од Државната Изборна Комисија по однос на бројот на гласови, излезност и приговори, дозволете да се воздржам од дополнителни коментари за натамошниот изборен процес.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“