Новото британско истражување соопшти дека Брегзит би можело да ги чини британците околу 4.4 милијарди фунти до крајот на оваа година.
Покрај ставот на Конзервативната партија на Британија и нивниот лидер, Борис Џонсон дека „процесот Брегзит треба да се комплетира“, меѓународната тинк тенк организација „Rand Europe“ пресметува дека формалното напуштање на Европската унија од страна на Велика Британија ќе ја ослабне економијата со тоа што ќе ја прекине првата размена помеѓу двете страни.
Според нив, сите досегашни мерки во областа на надворешната трговија на земјата ќе придонесе за слабеење на економијата.
Од тинк тенк организацијата наведуваат дека штетата би изнесувала на тој начин што растот на БДП ќе биде намален на 11 милијарди фунти до 2025 година а 15 мил. до 2029 година.
За непосакуваната ситуација да се избегне, Борис Џонсон треба да предвиди нов трговски партнер кој би го спречил можниот економскиот пад на Велика Британија.