(ВИДЕО) Петрески: Ова не беше фер борба, победата на Бакрачески е „пирова“

Од:

Досегашниот градоначалник на Охрид Александар Петрески денеска им се заблагодари на сите граѓани кои излегле и гласале за кој било од кандидатите на одржаните локални избори, истовремено честитајќи ја, како што рече, „пировата“ победа на противкандидатот Никола Бакрачески.

– Немам забелешки на мојот тим кој даде се од себе, но ова не беше фер борба и тие не можеа да направат ништо. Но, и партизаните ја започнаа борбата без оружје и опрема против силна воена машинерија која успеаа да ја совладаат. Јас токму така ја споредувам борбата која сега се води во Охрид, рече Петрески.

Во врска со најавите на новата локална самоправа дека ќе спроведе ревизија на досегашното работење на општинската администрација и јавните претпријатија, Петрески истакна дека воопшто не се плаши од тоа бидејќи, подвлече, седум години работел со постојана државна ревизија, и од страна на инспекциските и од полициските органи.

– Јас ревизија постојанио имав додека работев, но сега ќе треба тие да се подготват за ревизија за досегашното работење, а секако и за наредното работење кое им престои, додаде Петрески.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“