Препродавачите на црниот пазар ја искористија можноста да заработат огромни профити на билетите за натпреварот Лејкерс против Клиперс.
Неатрактивните места што немаат добра локација вообичаено чинат 84 долари, додека по смртта на Брајант тие достигнуваат цена дури до 1.200 американски долари.
Секако, најскапите места се покрај паркетот, а на црниот пазар билетите за такво место чинат неверојатни 28.050 долари.
Во историјата на НБА не се случило билетите за еден натпревар да бидат толку скапи.