(ВИДЕО) Жерновски: Јас сум градоначалник на Центар, втор круг не смее да има

Од:

Кутиите со гласовите за градоначалник на Центар од 6 избирачки места, три дена патувале од Центар до Општинската изборна комисија во Центар. Три дена не можат да се избројат гласовите за градоначалник на Центар. На тие места веќе се избројани гласовите за градоначалник на Скопје, и на нив Јани Макрадули има водство. Се работи за избирачки места во училиштето Кочо Рацин, Песталоци, Капиштец. Конечно денеска почна пребројувањето на овие гласови. Се работи за околу 5.000 гласачи.

„Според вољата на граѓаните јас сум новиот градоначалник на Центар. И покрај сите притисоци, уцени, двојни ливчиња, купени гласови, уфрлени гласови од Пустец, победивме со 15 проценти разлика. Власта сака да ја лажира вољата на граѓаните“, рече Андреј Жерновски.

1.300 неважечки ливчиња има во оваа општина. Правдата, рече Жерновски, мора да победи. Го повика Тодоровиќ да излезе, да го признае поразот и да изврши примопредавање, бидејќи народот покажал дека не сако античка и барокна општина, туку европска.

„Втор круг не смее да има, вољата на народот е јасна. И според меѓународниот фактор најголем број неправилности се евидентирани во Центар“, рече Жерновски.

Жерновски не знае каде биле и каде шетале овие кутии во периодот од затворање на гласачките места. за овој период Владимир Тодоровиќ не излезе со изјава.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“