Седумдесетгодишниот жител на кумановското село Матејче Н.А. ноќеска е претепан и ограбен во неговиот дом од три маскирани и вооружени лица.
Според МВР, маскираните лица вооружени со пиштол синоќа во 23:30 часот насилно влегле во куќата на Н.А.(70), го покриле со ќебе, по што физички го нападнале, удирајќи го со секира и дрвен предмет по главата и телото. Откако паднал на подот, едно од лицата го удрило со батериска лампа, по што одзеле 3.600 денари и си заминале.
Н.А. е пренесен во Медицинскиот центар Куманово каде е задржан за натамошно лекување. МВР презема мерки за откривање на сторителите.