Трамп до Болтон: „Јас никогаш не ти реков дека украинската помош е поврзана со истрагата“

Од:

Трамп на својот Твитер профил напиша дека „никогаш“ не му рекол на Џон Болтон дека помошта во Украина била поврзана со истрагата.

Њујорк тајмс обезбеди необјавени информации од новата книга на Болтон и пренесе во неделата дека Болтон напишал дека Трамп се консултирал со Уредот за управување и буџет да го продолжи скоро едномесечното задржување на воената помош за 391 милиони долари за Украина.

Неколку часа по објавувањето на извештајот, Трамп излегол во јавност да ја негира таа вест отфрлајќи го тврдењето како начин „да се продаде книгата“.

„ Јас никогаш не му кажав на Џон Болтон дека помошта за Украина е поврзана со истрагата за демократите, вклучително и за семејството Бајден. Ако Џон Болтон го кажал тоа, тогаш тоа е само за да ја продаде неговата книга“, напиша Доналд Трамп на својот твитер профил.

Би можело да ве интересира

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма