ДИК: Во прв круг избрани градоначалници во 51 општинa

Од:

Во првиот круг од Локалните избори гласањето е завршено во 51 општитни, а во втор круг гласање ќе има во 29 општини и градот Скопје, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на ДИК Борис Кондарко врз основа на првичните неофицијални резултати што ги имаат добиено од страна на општинските изборни комисии.

Според првичните неофицијални информации на ДИК, во 26 општини се чекаат резултатите од гласањето за листите на кандидатите за советници.

Кондарко нагласи дека до почетокот на прес-конференцијата во ДИК немаат информации за пристигнати приговори. Тој појасни дека рокот за одлучување на евентуално поднесените приговори е 48 часа од момнетот на нивниот прием од страна на ДИК. Роковите за поднесвуање жалби и приговори за изборниот процес и евентуални нарушувања се уште течат односно истекуваат утре (вторник) во 19 часот.

ПРВ КРУГ

Аеродром – одѕив 67,63 проценти, Ивица Коневски кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ добил 25.814 гласови односно 60,14 проценти од вкупниот број гласови.

Босилово – одѕив 72,15 проценти, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Колев добил 4.424 гласа, односно 51,76 проценти од гласовите.

Боговиње – Кандидатот на ДУИ Хазби Идризи освоил 6.039 гласови  или 51,82 проценти од гласовите.

Гевгелија – одѕив 83,57, кандидатот Иван Франгов од коалицијата „За подобра Македонија“ 8.722 или 53,82 проценти.

Градско – одѕив 76,88, кандидатот Жанета Чушевска од коалицијата „За подобра Македонија“ 1.221 или 50,79 проценти.

Василево – одѕив 73,91, кандидатот Ванчо Стојанов од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 4.482 или 61,14 проценти.

Демир Капија – одѕив 85,11, кандидатот Трајче Димитриев од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.933 или 66,68 проценти.

Дојран – одѕив 83,28, кандидатот Борче Стамов од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.278 или 55,66 проценти.

Зелениково – одѕив 79,01, канадидатот Веле Груевски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.476 или 51,25 проценти.

Илинден – одѕив 73,32,  Жика Стојановски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 6.542 или 66,21 проценти.

Валандово – одѕив 78,27, Николче Чурминовски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 4.659 гласа.

Вевчани – одѕив 85,40, Цветом Угриновски од ВМРО-ДПМНЕ со 64,05 проценти од гласовите.

Виница – Емил Дончев од ВМРО-ДПМНЕ освои 6.650 гласа, а излезноста е 65,37.

Гази Баба – Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ освои 21.231 глас, 62,02 проценти одѕив на граѓаните.

Дебар – Ружди Љата од ДУИ победи со 6.056 гласа одѕивот 51,24 проценти.

Демир Хисар – 82,85 одѕив, Љупчо Блажевски од ВМРО-ДПМНЕ  со 3.411 гласови.

Желино – Кандидатот за градоначалник на ДУИ Фатмир Измири 4.985 гласа.

Зрновци – одѕив 68,87, кандидатот Блаже Станков од ВМРО-ДПМНЕ со 1.076.

Кисела Вода – 65,48 одѕив, Билјана Беличанец Алексиќ со 20.214 гласа.

Кичево – одѕив 68,63, Фатмир Дехари од ДУИ 17.041 гласа.

Конче – Благој Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ со 1.326 гласа, одѕив 83,45 проценти

Кратово – Мите Андоновски од коалицијата „За подобра Македонија“ осовил 3.910 гласа.

Крива Паланка – Арсенчо Алексовски од ВМРО-ДПМНЕ со 6.992 и одѕив 80,28 проценти.

Кривогаштани – Тони Затковски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 2.115 гласа и одѕив 80,95 проценти.

Крушево – одѕив 78,56 проценти, Ѓорги Дамчевски освоил 3.429.

Липково – одѕив 52,21 проценти, Садула Дураку од ДУИ освоил 6.073.

Маврово – Ростуше- Мукрем Мемеди освоил 2.072, а одѕивот бил 3,11 проценти.

Македонска Каменица – Дарко Митевски е победник со 65,58 проценти од гласовите, а одѕивот е 76,24.

Неготино – Ванчо Апостолов од ВМРО – ДПМНЕ добил 6.957 и одѕив на гласачите 78,53 отсто.

Новаци – одѕив 76,41, Лазар Котевски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 1.837.

Ново Село – Блажо Велковски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 3.335 гласа, а  одѕивот бил 59,71 процент.

Охрид – одѕив 68,57 проценти, Никола Бакрачески добил 19.870 гласа.

Петровец – одѕив 74,72 проценти, Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ добил 3.663 гласа.

Пехчево – одѕив 83,71 процент, Игор Поповски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 2.319 гласа.

Пласница – одѕив 60,90 проценти, Исмаил Јаковски освоил 1.585 гласа.

Прилеп – одѕив 76,40 проценти, Марјан Ристески од ВМРО – ДПМНЕ добил 28.034 гласа.

Пробиштип – Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 7.023 гласа, а одѕивот бил 75,78 проценти.

Радовиш – Сашо Николов од ВМРО-ДПМНЕ освоени 10.026 и одѕив 73,17 проценти.

Росоман – Стојанче Лазов од ВМРО-ДПМНЕ со 1.516 гласа и одѕив 85,06 проценти.

Сарај – одѕив 58,58 проценти, Беким Мурати од ДУИ  освоил 8.888 гласа.

Свети Николе – одѕив 80,80, Зоран Тасев од ВМРО-ДПМНЕ со 7.363.

Сопиште – Стефче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ со 1.923 гласа и одѕив на гласачите од 76,70 проценти.

Чаир – Од ДУИ Изет Меџити добил 16.110 гласа, одѕив 56,43  проценти.

Чашка – Горанчо Пановски од ВМРО-ДПМНЕ со 2.400 гласа, а  одѕив 70,09 проценти.

Центар Жупа – одѕив 56,83 проценти, Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците  освоил 1.844.

Чучер Сандево – одѕив 77,56 проценти, Јован Пејковски од група избирачи  со освоени 3.333 гласа.

Штип – Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ со освоил 18.560, одѕивот бил 75,89 проценти.

Шуто Оризари – Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите со освоени 4.994 гласа и одѕив 49,05 проценти.

Струмица – Зоран Заев од СДСМ добил 18.999, а одѕивот бил 77,80 проценти.

Ранковце – Момчило Алексовски од СДСМ освоил 1.474, со одѕив 86,23 проценти.

ВТОР КРУГ

Арачиново – Брахим Ајваз од ДУИ со 2.453  и Басри Бајрами независен кандидат 1.944 гласа, со одѕив на гласачите од 61,97 проценти.

Берово – Драги Наџински од ВМРО- ДПМНЕ со 4.438 гласа  и Ѕвонко Пекевски од СДСМ со 4.422, со одѕив 81,96 проценти.

Богданци – Анастасија Колумчева од ВМРО-ДПМНЕ со 2.342 и Зоран Прочков од СДСМ со 2.656 и одѕив 76,52 отсто.

Брвеница – Енвер Бајазити од ДУИ со освоени 2.394 и Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ со 2.899 и одѕив 58,37 проценти.

Велес – одѕив 71,01 проценти, Славчо Чадиев од коалицијата „За подобра Македонија“ со 15.110 или 46 проценти, а Аце Коцевски од „Сојузот за иднината“ 16.163 или 49,2 проценти.

Врапчиште – одѕив 50,33, Бајрам Кадира од ДУИ освоил 4.236 или 35,93 проценти, а Исен Шабани од ДПА 3.844 или 32.60 проценти

Дебарца – одѕив 73,78, Игор Трајкоски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.573 или 46,66 проценти, а Љупчо Којчиновски од „Сојузот за иднината“ 1.634 или 48,47 проценти.

Делчево – Дарко Шехтански од ВМРО-ДПМНЕ добил 5.443 додека Голубчо Ангелов од СДСМ 4.507, со одѕив 74,62 проценти.

Долнени – Боше Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 2.188 и Абдула Бајрамовски од ДУИ 1.931 и одѕив 71,20 проценти.

Јегуновце – Дарко Блажевски од СДСМ освоил 2.165 и Тони Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ со 1.831, со одѕив 61,78 проценти од гласачите.

Карбинци – Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ со 1.002 гласа и Ристе Бањеглав од СДСМ со 667 и одѕив 83,12 проценти.

Кочани – Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ добил 11.295 гласа, а Миле Андонов од СДСМ со 10.630, одѕивот 71,73 проценти.

Куманово – Зоран Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 27.759 и Зоран Дамјановски од СДСМ со 19.320, со одѕив 62,88 проценти од гласачите.

Лозово – Орце Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ добил 613 гласа, Ацо Велковски од СДСМ 511 гласа. Одѕивот е 84,51 проценти.

Могила – Стево Пивковски независен кандидат со 1.774 и Славко Велевски од ВМРО-ДПМНЕ со 1.715 и одѕив 77, 14 проценти.

Старо Нагоричане – Милован Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 1.117 и Власте Димковиќ од СНС 717. Одѕивот е 74,32 проценти.

Струга – Владимир Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ  освоил 14.497 и Зиадин Села од ДПА 11.414 гласа и одѕив од 63,09 проценти.

Студеничани – Фати Исеини од ДУИ  со 3.567 гласа и Азем Садику од ДПА со 2.971 гласа, а одѕивот е 58,91 проценти.

Теарце – Рухан Илази од ДПА со 4.399 гласа и Исен Асани од ДУИ со 4.387 и одѕив 52,02 проценти.

Тетово  – Тетуа Арифи од ДУИ освоила 18.429 гласа, а Сади Беџети од ДПА 15.116. Одѕивот е 60,91 проценти.

Чешиново – Облешево – Костадин Личков од ВМРО-ДПМНЕ 1.786 и Горанчо Крстев од СДСМ 1.298 гласа, со одѕив 80,15 проценти.

Оштина Центар – Андреј Жерновски од коалицијата „Сојуз за иднината“ со 12.433 гласа и Владимир Тодоровиќ  до ВМРО-ДПМНЕ 11.094 галса, а одѕивот е 67,15 проценти.

Ѓорче Петров – одѕив 67,06 проценти, Сокол Митровски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 10.874 гласа или 46,62, а Александар Наумовски од „Сојузот на иднината“ 10.353 или 44,39 проценти.

Кавадарци – одѕив 76,34 проценти, Александар Панов од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 11.507 или 47,06 и Бетиан Китев  од „Сојузот за иднината“ освоил 6.752 или 27,62 проценти.

Карпош – одѕив 72,22 проценти, Стевчо Јакимовски од Српска напредна странка освоил 16.684 или 45,5 проценти, Андреј Петров 9.323 гласа или 25,42 проценти.

Ресен – Ѓоко Стрезовски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 5.387, а Јордан Проевски од СДСМ 1.434 гласа, одѕив 68,59 проценти.

Гостивар – Руфи Османи од НДП освоил 14.278 и Невзат Бејта ДУИ 13.577, одѕив 52,42 проценти.

Бутел – одѕив 63,27, Петре Латиновски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 9.420 или 48,11 проценти, а Коста Начевски од Сојузот за иднината 4.525 или 23,11.

Битола – Владимир Талески  од ВМРО-ДПМНЕ освоил 27.598 и Менде Диневски од СДСМ 22.132, одѕив 70,07 проценти

Во градот Скопје од вкупно обработени податоци од 528 избирачки места од вкупно 536. Коце Трајановски од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ добил 133.765 гласа, а Јани Макрадули од Сојузот за иднината предводена од СДСМ 77.843 одѕив 63,90 проценти.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори