Стејт департментот го поздрави мирниот тек на првиот изборен круг

Од:

Американскиот Стејт департмент го поздрави завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилни инциденти.

– Го поздравуваме завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилство. Со внимание ќе го разгледаме конечниот извештај на ОДИХР, како и конечното официјално објавување на изборните резултати. Очекуваме објавување на дополнителни информации од разните други набљудувачи и ќе продолжиме одблиску да го следиме изборниот процес и кампањата во пресрет на вториот круг на локалните избори на 7 април, стои во првичната реакција на Стејт департментот по завршувањето на изборите.

Од Стејт департментот информираат дека Американската амбасада во Македонија, за овој изборен круг, имала 27 набљудувачки тимови низ земјата, а дополнително, набљудувачи од САД биле ангажирани и во тимовите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ