Во поплавите во Бразил загинаа најмалку 50 лица

Од:

Дводневните обилни врнежи од дожд во југоисточен Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, при што загинаа најмалку 50 лица, соопштија властите во земјата.

Според официјалните претставници за цивилна заштита, 17 лица се пријавени за исчезнати, додека 2.600 луѓе биле евакуирани од нивните домови во бразилската држава Минас Жeраис.

Во 99 града во таа држава прогласена е вонредна состојба. Во Бело Хоризонте, главниот град на државата, за 24 часа наврна 170 литри на метар квадратен, што е рекордно количество во последните 110 години.

Гувернерот на таа држава Ромеу Зема најави дека ќе ги посети погодените области за да ја процени штетата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск