СДСМ: Годинава започнува изградба на нов клинички центар, се набавуваат и нови возила за итната помош

Од:

„За две и пол години, СДСМ покажа што значи вистинска грижа за здравството, лекарите и пацитентите.

Преку одговорни мерки и политики градиме здравствен систем кој се грижи и нуди квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.

Годнава започнува изградбата на нов клинички центар во Ѓорче Петров со целосно современа зграда и интегриран тип на услуги за да се обезбеди врвна здравствена заштита на пациентите“, велат од СДСМ.

„Во текот на оваа година е предвидено купување на 70 нови возила на итната медицинска служба, но обновување на возниот парк ќе се спроведува континуирано секоја година од новиот мандат.

Платите на лекарите, специјалистите и медицинскиот персонал ќе продолжат да растат. Новата програма на СДСМ предвидува и зголемување на платите на здравствените работници до 10 отсто секоја година, со цел тие да останат тука, да пружаат услуги во јавното здравство.

Посветеноста и сериозноста на СДСМ во создавање на функционален здравствен систем и овозможување брза и квалитетна услуга за пациентите продолжува.

Продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните и по победата на 12 арприл“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски