Градските власти во Париз донесоа решение, бучните косачки за одржување на зеленилото во парковите, да ги заменат со овци.
Како што пренесуваат француските медиуми, овците најпрвин ќе бидат„ангажирани“ само во еден парк , со цел да се потврди ефективноста на„новата техника“ во урбани услови.
Според експертите овој вид на одржување на зеленилото е еколошки поефикасен, бидејќи со него истовремено се оневозможуваат бучавата, но и загадувањето како и употребата на фитосанитарни производи.
За експерименталното еколошко одржување на парковите, кое ќе трае од април до октомври, ќе добијат„ ангажман“ посебен вид на мали овци, со потекло од Бретање.
Градските власти наведуваат дека доколку се постигнат добри резултати, „еколошките косачки“ ќе бидат ангажирани и на другите паркови, меѓу кои е и познатата Булоњска шума.
Елена Георгиевска