Репортерката за женските права во Сомалија, Рахма Абдулкадир, на возраст од 21 година, е третата жртва годинава од серијата на смртни напади врз новинари во Сомалија.
Абдулкадир, чија работа беше фокусирана на правата на жените, е убиена во неделата навечер додека се враќала во нејиниот дом во главниот град, Могадишу, потврдуваат нејзините пријатели и колеги. Таа била убиена од огнено оружје на двајца мажи, откако таа и нејзиниот колега, Мунира Ибрахим, го напуштиле кафулето околу 21.30 часот.
„Двајца мажи со пиштоли ни се приближија и започнаа да пукаат кон Абдулкадир. За неколку секунди ја видов како паѓа на земја со крвава глава. Тие испукаа три пати во нејзината глава и два пати во вратот. Околу немаше полиција и морав да избегам“ вели Ибрахим.
„Таа беше активна и младат новинарка со тежнеење да биде идол. Нејзиниот фокус беа човековите права во Сомалија, особено женските“, вели директорот на радиото каде работела од 2010-та година, Абдукарим Булхан.
Минатата година 18 медиумски работници биле убиени, но ниту едно апсење немало.