(ВИДЕО) Стевановиќ: За првпат сите жени со рак на дојка имаат терапија, услови за навремена дијагностика и превенција

Од:

На трибината на тема „Агенда – Здравство 20 – 24“ во Куманово, зборуваше и Милена Стевановиќ – член на Комисија за здравство и директорка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби која даде осврт на успешните здравствени услуги кои Владата предводена од СДСМ ги воведе и реализираше, а се однесуваат на женското здравје.

Како посебно значајни таа ги истакна новиот Закон за прекинување на бременоста, преку кој се прецизираат условите под кои бременоста може да биде прекината но и даваат целосна слобода на жената во одлучувањето. За поздрав е и фактот дека имаме двојно намалување на смртноста на предвремено родените бебиња.

Таа се осврна на бројните мерки кои се направени во однос на превенција, дијагностика и третманот на малигните заболувања. Од особено значење е што на едно место може да се направи ехо, мамографија и магнетна резонанца, а тоа го имаме веќе и во Центарот за дојка во Клиничка болница во Битола, а наскоро таков центар ќе имаме и во Тетово. Како дел од пакетот подобрувања во здравствениот систем се и двојно читање на мамографски слики, од два независни читачи-радиолози кои имаат искуство во читање на мамографии од минимум 800 пациенти, потоа бесплатни ортоперски градници и психолошка поддршка за онколошки пациенти.

За првпат сите жени со рак на дојка имаат терапија. Набавена е иновативна, биолошка терапија, што претставува значаен чекор и најсилниот удар во борбата против ракот, вклучително и ракот на дојка, посочи Стевановиќ.

Со централизирана набавка се обезбедени над 30 молекули скапа биолошка терапија која не е на позитивната листа на лекови, за да им биде достапна на пациентите во болниците. Достапноста на иновативната терапија значи можност пациентот навремено да добие соодветна дијагноза, третман и грижа за своето заболување, рече Стевановиќ.

Таа од посебно значење го истакна и тоа дека за прв пат после 40 години , комплетно е реновиран хируршкиот блок на специјалната гинеколошка болница во Чаир и ставањето во функција на три центри за згрижување на жртвите од сексуално насилство во Скопје, Куманово и Тетово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски