(ВИДЕО) Живковиќ: Советничка на Груевски го води кабинетот на Мизрахи, ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ режимска

Од:

„Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Христијан Мицкоски работи по инструкции на бегалецот од правдата, Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски отворено работат на враќање на режимот.

Последен доказ за тоа е шефицата на кабинетот на министерката за труд и социјална политика во преодната влада, Рашела Мизрахи.

Марија Апостолова, шефицата на кабинетот на Мизрахи е поранешна советничка на Груевски, дел од 90те советници на осудениот криминалец во бегство“, рече Милан Живковиќ- Претседател на комисија за труд и социјална политика.

„На Груевски очигледно не му е доволно што го контролира Мицкоски, туку целосно ја држи контролата и преку сите кои се дел од кадровската понуда на ВМРО-ДПМНЕ.

Кадровската понуда на ВМРО-ДПМНЕ се кадри блиски до Никола Груевски со што се докажува дека Мицкоски е само вршител на должноста претседател на опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се нечесни и неискрени кон граѓаните. Не нудат ништо освен обнова на режимот и заробената држава.

Затоа на 12 април однови ќе бидат поразени. На 12 април граѓаните силно ќе порачаат режим – никогаш повеќе!“, изјави Живковиќ- Претседател на комисија за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски