Руски и турски набудувачи известија за околу 200 нарушувања на прекинот на огнот во Сирија во изминатите 24 часа, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Руската страна на комисијата регистрираше 108 случаи на отворање оган во провинциите Латакија (30), Алепо (48) и Идлиб (30)“, се вели во соопштението.
Турската страна, наводно, регистрирала 89 случаи на кршење на примирјето во провинциите Алепо (53), Идлиб (34) и Латакија (2), пренесува ТАСС.
Четири зони за примирје се воспоставени во Сирија врз основа на договор, гарантиран од три земји – Русија, Иран и Турција.