(ВИДЕО) Царовска: Повеќе од 300.000 граѓани сега земаат плата повисока од 18.000 денари

Од:

Заедно со работодавачите, работниците, синдикатите и стопанските комори заеднички донесовме одлука дека економијата сега може да издржи минимална плата од 14.500 денари и тоа сега се случува, истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на програмската трибина Агенда Социјална заштита што денеска се одржува во Штип.

– Со години имавме една група на граѓани којашто со години се држеше на ниски примања посебно овде во источниот регион а тоа беше поради тоа што претходната влада ја промовираше државата како земја на евтина работна сила. Денес тоа е променето, ако ја видите структурата на плати ќе видите дека денес повеќе од 300.000 граѓани земаат плата повисока од 18.000 денари, посочи Царовска.

Паралелно со растот на минималната плата на 14.500 денари донесовме закон со кој на сите работодавачи кои сакаат да ги покачат платите на своите вработени до 6.000 денари, државата ќе ги субвенционира придонесите и тоа дополнително влијае на раст на платите во државата, заклучи Царовска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“